×

БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999

1 Тимотеја 3

1
Верно е словото: кој ревнува за епископство, добра служба посакува.
2
Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена, трезвен, разумен, пристоен, гостољубив, способен за поучување;
3
не пијаница, не жесток, не лаком, туку благороден, не наклонет на препирка, не среброљубец,
4
кој управува добро со својот дом и има покорни деца со сета честитост,
5
зашто ако не знае да управува со својот дом, како ќе се грижи за Божјата црква? -
6
Да не е новообратен, за да не се возгордее и да падне во осудата на ѓаволот!
7
А треба да има и добро сведоштво и од надворешните, за да не падне во прекорување и во стапица на ѓаволот.
8
Исто така, ѓаконите треба да бидат чесни, не двојазични, да не сакаат многу вино, не лакоми на срамна печалба -
9
кои ја пазат тајната на верата со чиста совест.
10
И тие прво да бидат испитани, и после да ја вршат службата ако се непорочни.
11
Исто така жените нивни треба да бидат чесни, да не клеветат; трезвени и верни во сè.
12
Ѓаконите да бидат мажи на една жена, кои управуваат добро со своите деца и со своите домови,
13
зашто оние, кои ја извршиле добро својата служба добиваат чесна положба и голема смелост во верата во Христа Исуса.
14
Ова ти го пишувам надевајќи се дека скоро ќе дојдам при тебе;
15
но во случај да се подзабавам, да знаеш како да се однесуваш во Божјиот Дом, кој е црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината.
16
И по општо признание, голема е тајната на побожноста: Оној, Кој се јави во тело, беше оправдан во Духот, им се покажа на ангелите, беше најавуван меѓу народите, поверуван во светот, беше вознесен во слава.
Macedonian Bible (MKB) 1999
Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands
:
Зачувајте белешки