Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Павле, слуга Божји и апостол на Исуса Христа за верата на Божјите избраници и за познавање на вистината во побожноста, |
| 2 |
| со надеж за вечен живот, што го вети вечниот Бог, Кој не лаже – пред вечни времиња, |
| 3 |
| и во свое време го јави словото Свое преку проповедта, што ми ја повери мене по заповед на нашиот Спасител, Бога, |
| 4 |
| до Тит, вистинското чедо по заедничката вера. Благодат, милост и мир од Бога Отецот и од Господа Исуса Христа, нашиот Спасител! |
| 5 |
| Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите градови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал: |
| 6 |
| кој е непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност. |
| 7 |
| Бидејќи епископот, како Божји распоредник, треба да е непорочен, не гневлив, не пијаница, не тепач, не лаком за гнасна печалба, |
| 8 |
| туку гостољубив, доброљубив, трезвен, справедлив, свет, воздржлив; |
| 9 |
| кој се држи според вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги изобличува оние, кои се противат. |
| 10 |
| Оти има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните, |
| 11 |
| на кои треба да им се затвори устата: тие растураат цели домови, учејќи на она што не треба, поради одвратна печалба. |
| 12 |
| Еден од нив, нивни пророк, беше рекол: »Критјаните се секогаш лажливци, зли ѕверови, мрзливи трбуси«. |
| 13 |
| Тоа сведоштво е вистинско. Поради таа причина изобличувај ги строго, за да бидат здрави во верата, |
| 14 |
| и да не слушаат јудејски бајки и заповеди од луѓе, кои одвраќаат од вистината. |
| 15 |
| За чистите е сѐ чисто, а за осквернетите и неверните нема ништо чисто; ним им се осквернети и умот и совеста: |
| 16 |
| тие зборуваат дека Го познаваат Бога, а со делата свои Го одречуваат, бидејќи се одвратни, непокорни и негодни за никакво добро дело. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/titus/001.mp3
3
1