Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Зашто секој првосвештеник, кој од луѓе се избира, за луѓето се поставува на служба Божја, да принесува дарови и жртви за гревовите, |
| 2 |
| и да може да ги разбира оние, што се неумешни и заблудени, бидејќи и сам е со слабости; |
| 3 |
| и затоа е должен како за народот, така исто и за своите гревови да принесува жртви. |
| 4 |
| И никој сам не се здобива со таква чест, освен оној, кој е повикан од Бога, како и Арон. |
| 5 |
| Така и Христос не се прослави Сам Себеси, за да биде првосвештеник, туку Го прослави Оној, Кој Му рече: »Ти си Син Мој, Јас Те родив денес«; |
| 6 |
| како што е на друго место речено: »Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.« |
| 7 |
| Во деновите на Својот земен живот, Он со силен вик и солзи упати молби и молитви кон Оној, Кој можеше да Го спаси од смртта, и, поради Својата побожност беше чуен, |
| 8 |
| макар и Син, Он се научи на послушност преку она, што пострада, |
| 9 |
| а, откако се усоврши, стана причина за вечно спасение на сите оние, кои Му се послушни, |
| 10 |
| и од Бога беше наречен Првосвештеник по чинот Мелхиседеков. |
| 11 |
| За ова би имале многу да ви зборуваме, што е и тешко да се толкува, бидејќи станавте немоќни за слушање. |
| 12 |
| Зашто, иако според годините вие требаше веќе да бидете учители, вие сѐ уште имате потреба да ве учат – кои се првите начела на словото Божјо, и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна. |
| 13 |
| Секој, што се храни со млеко, не е опитен во словото на правдата, бидејќи е младенец; |
| 14 |
| а тврдата храна е за совршените, кои благодарејќи на навиката, имаат чувства и се научени да разликуваат добро и зло. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/hebrews/005.mp3
13
5