БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Зашто, секој првосвештеник, кој е избран од помеѓу луѓето, се поставува за луѓето, за да служи пред Бога, за да принесува дарови и жртви за гревовите, |
| 2 |
| како оној кој може да биде благ кон оние кои не знаат и се заблудени, зашто и самиот е со слабост. |
| 3 |
| И заради тоа е должен да принесува жртви за гревовите, како за народот, така и за себеси. |
| 4 |
| И никој не ја зема оваа почест за себе, туку Бог го повикува, како и Арона. |
| 5 |
| Така и Христос не се прослави Сам Себеси за да биде Првосвештеник, туку Оној Кој Му рече: „Ти си Мој Син, Јас Те родив денес,” |
| 6 |
| како што Тој и на друго место вели: „Ти си свештеник довека по редот Мелхиседеков.” |
| 7 |
| Тој, во деновите на Своето тело, Му принесе молитви и молби со силно викање и солзи, на Оној Кој можеше да Го спаси од смрт, и беше чуен заради богобојазливоста. |
| 8 |
| Иако беше Син, ја научи послушноста од она што го претрпе |
| 9 |
| и откако се усоврши, им стана на сите кои Му се послушни, Повод за вечно спасение, |
| 10 |
| наречен од Бога Првосвештеник по редот Мелхиседеков. |
| 11 |
| За ова имаме да зборуваме многу, што е тешко да се протолкува зашто станавте мрзливи за слушање. |
| 12 |
| Имено, според времето требаше да бидете учители; меѓутоа вам ви е пак потребно да ве учи некој на основните начела на Божјите пророчки зборови; и станавте такви што ви е потребно млеко, а не тврда храна. |
| 13 |
| Зашто секој, кој се храни со млеко, неискусен е во словото на правдата, зашто е младенец. |
| 14 |
| А тврдата храна е за полнолетните, кои преку навика, ги извежбале сетилата да разликуваат добро и зло. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/hebrews/005.mp3
13
5