Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Јаков, слугата на Бога и на Господа Исуса Христа, испраќа поздрав до дванаесетте колена, кои живеат растурено. |
| 2 |
| Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, |
| 3 |
| знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпеливост: |
| 4 |
| трпеливоста, пак, нека ви биде совршена работа, за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток. |
| 5 |
| Ако некому од вас не му достига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без укор – и ќе му се даде. |
| 6 |
| Но да се моли со вера и никако да не се сомнева; оти оној, кој се сомнева, прилега на морски талас, кого ветрот го издига и растура; |
| 7 |
| таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господа. |
| 8 |
| Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан. |
| 9 |
| Понизениот брат нека се фали со возвишеноста своја, |
| 10 |
| а богатиот – со својата понизност, бидејќи тоа ќе помине како цвет од трева; |
| 11 |
| оти сонцето огрева и со својата горештина ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзиниот изглед исчезнува; така ќе овене и богатиот во својот пат. |
| 12 |
| Блажен е оној човек, кој поднесува искушение, бидејќи откако ќе биде испитан, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние, кои Го сакаат. |
| 13 |
| Ниеден, кога е во искушение, да не вели: »Бог ме искушува«, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Он никого не искушува, |
| 14 |
| но секого го искушува неговата похот, која го влече и мами. |
| 15 |
| Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. |
| 16 |
| Не заблудувајте се, браќа мои возљубени. |
| 17 |
| Секој добар дар и секој совршен подарок иде одозгора, доаѓа од Отецот на светлината, во Кого нема промени ни сенка од измена. |
| 18 |
| Оти Он нѐ роди по Своја волја преку словото на вистината, за да бидеме почеток на Неговите созданија. |
| 19 |
| И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз во зборувањето, и бавен на гнев, |
| 20 |
| бидејќи човечкиот гнев не ја извршува Божјата правда. |
| 21 |
| Затоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со смиреност примете го насаденото слово, кое може да ги спаси душите ваши. |
| 22 |
| Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе. |
| 23 |
| Оти, кој го слуша словото а не го извршува, тој прилега на човек, кој го гледа сопственото си лице во огледало; |
| 24 |
| ќе се погледне, па ќе си замине, и веднаш заборава каков бил. |
| 25 |
| Но кој ќе се задлабочи во совршениот Закон на слободата и остане во него, тој, бидејќи е незаборавлив слушател, туку извршител на делото, ќе биде блажен во своето делување. |
| 26 |
| Ако некој од вас мисли дека е благочестив, а не го обуздува јазикот свој, туку го мами срцето свое, неговата благочестивост е суетна. |
| 27 |
| Чиста и непорочна вера пред Бога и Отецот е оваа: да пригледуваш сираци и вдовици во нивните маки и да се пазиш да останеш неосквернет од светот. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/james/001.mp3
5
1