Златото ваше и среброто ви за'рѓа и 'рѓата нивна ќе биде сведоштво против вас и ќе го изеде телото ваше како оган: сте собрале богатство за последните дни.
Бидете трпеливи, браќа мои, до доаѓањето на Господа! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен.
Ете, блажени се оние што претрпеа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него.
А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга клетва, и зборот нека ви биде да – да и не – не, за да не паднете на суд!