БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| На Јосифовите синови им припаднаа со жрепка недвижниот имот: од Јордан кај Ерихон, од Ерихонските Води на исток, па низ пустината кон Ветилската Гора; |
| 2 |
| од Ветил до Луз, меѓата продолжуваше низ подрачјето на Архијците до Атарот. |
| 3 |
| Потоа се спушташе на запад до јафлетската меѓа, сè до долниот Вет-Орон и до Гезер, откаде излегуваше на море. |
| 4 |
| Тоа беше наследството на Јосифовите синови: Манасиј и Ефрем. |
| 5 |
| Подрачјето на Ефремовите синови, според нивните семејства, беше ова: меѓата на нивното наследство кон исток одеше од Атарот Адар па до Горниот Вет-Орон. |
| 6 |
| Оттаму се тегнеше до морето. (одеше на) Михметат на север и вртеше натаму на исток кон Танат-Силон и поминуваше од источната страна на Јанох. |
| 7 |
| Од Јанох се спушташе во Атарот и Нарат и тогаш, допирајќи до Ерихон, удираше во Јордан. |
| 8 |
| Од Тафуј меѓата одеше кон запад до потокот Кана па излегуваше на море. Тоа беше наследството на племето на Ефремовите синови според нивните семејства. |
| 9 |
| А Ефремовите синови ги имаа сите тие градови со нивните села, и уште одделени градови среде наследството на Манасиевите синови. |
| 10 |
| Ама не успеаја да ги изгонат Ханаанците, кои живееја во Гезер. Така Ханаанците останаа меѓу Ефремовите синови до денес, но им беше наметнат данок. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/joshua/016.mp3
24
16