Од делот на Јудините синови се оддели наследство за племето на Симеоновите синови; бидејќи делот на Јудините синови беше многу голем за нив, затоа Симеоновите синови добија наследство меѓу нивниот дел.
Потоа оди назад кон исток во Вит-Дагон, допира до Завулон и оди до Гај Јефтаил на север и влегува во пределите на Асат во Бит-Аемек и Анил, и преоѓа во Хавол, од лево;
оттука границата свртува на запад кон Азанот-Тавор и оттаму оди кон Икок, и допира до Завулона од југ, допира и до Асир, од запад, и до Јуда кај Јордан, откај источната страна.
Тогаш Дановите синови кренаа војска против Ласем, го презедоа и го поразија со меч, завладувајќи го и се населија во него, и Ласем го нарекоа Ласемдан, според името на таткото свој Дан. Аморејците останаа да живеат во Елом и Саламин, но раката Ефремова ги надви и тие станаа негови поданици.
Тоа е наследството на племето на Дановите синови, според родовите нивни – градовите и селата нивни. Дановите синови не ги истребија Аморејците, што ги беа притиснале во гората, и тие, на Аморејците не им дозволуваа да слезат во долината, па им го одзедоа нивниот дел.
Тоа се наследствата што свештеникот Елеазар, Исус, синот Навинов, и кнезовите на таковските племиња им ги разделија на синовите Израилеви, со жреб, во Силом, пред Господа, при влезот во Скинијата на сведоштвото. И завршија со поделбата на земјата.