Тогаш Исус ги собра сите племиња Израилеви во Сихем и ги свика старешините на Израилот и кнезовите негови, судиите негови и управителите негови, и тие се претставија пред Господа Бога.
И му рече Исус на целиот народ: »Вака вели Господ, Бог на Израилот: ‚Вашите татковци, Тара, таткото Авраамов и таткото Нахоров, во старо време живееја од онаа страна на реката и им служеа на други богови.
На Исака му ги дадов Јакова и Исава. На Исава му ја дадов во наследство гората Сир; а Јаков и синовите негови влегоа во Египет и станаа таму голем, силен и многуброен народ, и Египтјаните почнаа да ги притеснуваат.
Ги изведов татковците ваши од Египет, и вие дојдовте кај Црвеното Море. Тогаш Египтјаните се спуштија по татковците ваши со коли и коњаници до Црвено Море;
но тие повикаа кон Господа, и Он спушти облак и магла меѓу нас и Египтјаните и го наведе на нив морето, кое и ги покри. Очите ваши видоа што направи Господ во Египетската земја и вие останавте во пустињата многу денови.
И ве воведе во земјата на Аморејците, кои живееја од онаа страна на Јордан; тие станаа против вас, но Господ ги предаде во рацете ваши, и вие ја добивте како наследство земјата нивна и ги истребивте од пред лицето ваше.
Вие го преминавте Јордан и дојдовте во Јерихон. И почнаа да војуваат против вас жителите на Јерихон: Аморејците и Ферезејците, Хананејците и Хетејците, Гергесејците, Евејците и Јевусејците, но Господ ги предаде во рацете ваши.
И ви даде земја, за која вие не сте се труделе, и градови што не сте ги граделе, и вие живеете во нив; и лозја и маслини, кои не сте ги саделе, а јадете плодови.‘
И така, бојте се од Господа и служете Му со чистота и искреност; и отфрлете ги боговите на кои им служеа татковците ваши од онаа страна на реката и во Египет, и служете Му на Господа.
Ако, пак, не ви е угодно да Му служите на Господа, одберете си сега, кому да му служите: на боговите ли, на кои им служеа татковците ваши, кога беа од онаа страна на реката, или на боговите на Аморејците, во чија земја живеете, а, пак, јас и домот мој ќе му служиме на Господа, бидејќи он е свет.«
Зашто Господ е наш Бог; Он нѐ изведе нас и таковците наши од Египетската замја, од домот на ропството, и правеше пред очите наши чуда големи и нѐ пазеше по целиот пат, по кој одевме, и меѓу сите народи, низ кои минувавме.
Исус му рече на народот: »Не ќе може да Му служите на Господа (Бога), зашто Он е свет Бог, Бог ревнител; Он нема да го истрпи беззаконието ваше и гревовите ваши.
И му кажа Исус на целиот народ: »Ете, оној камен ќе ни биде сведок, бидејќи тој ги чу сите зборови на Господа, што Он ви ги кажа денес; тој нека биде сведок против вас во подоцнежните денови, ако некогаш лажете пред Господа, Вашиот Бог.«
И Му служеше Израилот на Господа во сите денови Исусови, и во сите денови на старешините, кои го поминаа времето со Исуса и кои ги видоа сите дела што му ги направи на Израилот.
И го погребаа во пределите на делот негов во Тамна Сахар, во Ефремовата гора, на север од планината Гаас. И ги ставија таму со него во гробот, во кој што го погребаа, камените ножеви, со кои Исус ги беше обрезал Израилевите синови во Галгал, кога ги изведе од Египет, како што беше заповедал Господ; и тие се таму дури до денес.
И коските на Јосифа, кои Израилевите синови ги изнесоа од Египет, ги погребаа во Сихем, во оној дел на полето, што Јаков го беше купил од синовите Аморејски, кои живееја во Сихем, за сто сребреници и му ги даде како дел на Јосифа.
Во тој ден Израилевите синови, откако го зедоа ковчегот Божји, го несеа со себеси, а Финес беше свештеник место татка си Елеазар, додека не умре и го погребаа во неговиот Гават.
И почнаа Израилевите синови да му служат на Астрата и на Астарот, богови на околните народи; и Господ ги предаде во рацете на моавскиот цар Еглон, кој владееше над нив осумнаесет години.