И чув глас среде четирите животни, кој зборуваше: »Шиник пченица за динариј, и три шиника јачмен за динариј; но растителното масло и виното ќе ги нема!«
И видов. И ете сив коњ, а на него јавач, чие име беше смрт; и адот врвеше по него, и му се даде власт над четвртина од земјата – да убива со меч и глад, со помор и земни ѕверови.
и викаа со висок глас, велејќи: »До кога, Владико, свети и вистинити, нема да судиш и да им се одмаздуваш за нашата крв на оние, што живеат на земјата?«
И на секого од нив им се дадоа бели облеки, и им се рече да починат уште малку време, додека не се дополни бројот на нивните сотрудници и браќа, што ќе бидат убиени, како и тие.