И дојде друг ангел, со златна кадилница, и застана при жртвеникот; и му беше даден многу темјан, за да го додаде со молитвите на сите свети, врз златниот жртвеник пред престолот.
И првиот затруби, и настана град и оган, помешани со крв, и тоа беше фрлено на земјата; и изгоре третина од земјата; и изгоре третина од дрвјата; и изгоре сета зелена трева.
И четвртиот ангел затруби: и беше удрена третината од сонцето и третината од месечината и третината од ѕвездите, за да потемнее третиот дел од нив, и третиот дел од денот да не свети, а исто така и од ноќта.
И видов и чув еден орел како лета посреде небото, велејќи со силен глас: „Тешко, тешко, тешко им на оние, кои живеат на земјата, заради другите трубни гласови на тројцата ангели, кои ќе затрубат.”