Но жената на Гал му роди синови. Кога пораснаа синовите од жената, таа го истера Ефтаја, велејќи му: »Ти не си наследник на татковиот ни дом, зашто си син на друга жена.«
Ефтај им рече тогаш на галадските старешини: »Нели ме намразивте и ме истеравте од домот на татка ми? Зошто дојдовте сега кај мене, кога сте во неволја?«
Галадските старешини му одговорија на Ефтаја: »За тоа дојдовме кај тебе сега, за да дојдеш со нас и да војуваш против Амонитите и да бидеш кај нас кнез на сите жители галадски.«
Потоа Ефтај отиде со галадските старешини, и народот го постави за свој кнез и војвода. И Ефтај ги искажа сите свои зборови пред Господа, што ги беше рекол во Масифа.
А амонитскиот цар им рече на Ефтаевите пратеници: »Кога Израил дојде од Египет, ја зазеде мојата земја од Арнон до Јавок и Јордан; затоа врати ми ја на мирен начин и јас ќе се повлечам.«
оттаму Израил испрати пратеници кај едомскиот цар за да кажат: ‚дозволи ми да минам низ земјата твоја‘. Но едомскиот цар не се согласи; и при моавскиот цар испрати, но и тој не се согласи. Зато Израил остана во Кадес.
И тргна преку пустињата, ја заобиколи земјата Едомска и земјата Моавска, и дојде до источната граница на Моавската земја, и се смести од онаа страна на Аронон; не не влезе во пределите моавски, бидејќи Арнон е граница на Моав.
И Господ, Бог Израилев, го предаде Сиона и сиот негов народ во рацете на Израилот, и тој ги испотепа; и завладеа Израил со целата земја на Аморејците, кои живееја во таа земја,
Израилот живее веќе триста години во Есевон и во нему потчинетите градови, во Ароир и во потчинетите му градови, и во сите градови, што се блиску до Арнон; зошто за тоа вмреме не ги одзедовте?
тогаш, кога ќе се вратам со мир од Амонитите, сѐ што ќе ми излезе во пресрет од вратата на домот мој, нека биде за Господа, и ќе го принесам за жртва сепаленица.«
Потоа дојде Ефтај во Масифа, во домот свој, и ете, ќерка му излегува во пресрет со тимпани и хор: таа му беше единица; освен неа немаше ни син ни ќерка.
Штом ја виде, ја раскина облеката своја и рече: »Ах, дете мое! Ти ме сосипа: и ти се меѓу оние, што го нарушија спокојството мое! Јас ја отворив устата своја пред Господа и не можам да одречам.«
Таа му одговори: »Татко! Ти си ја отворил устата своја пред Господа – прави го она со мене, што си го кажал со устата своја, штом Господ се одмазди преку тебе на твоите напријатели, Амонитите«.
И му рече на татка си: »Направи ми уште, еве, што – пушти ме за два месеца да отидам да се искачам на гората и да го исплачам моминството свое со другарките мои!«