Луѓето од Ефремовото племе се собраа, дојдоа во Сефин и му рекоа на Ефтаја: »Зошто отиде да војуваш против Амонитите, а нас не нѐ повика со себе? Ние ќе го изгорима со оган домот твој со тебе.«
Откако увидов, дека вие нема да ме спасите, го изложив животот на опасност и отидов против Амонитите, и Господ ги предаде во рацете мои; зошто дојдовте сега да војувате против мене?«
Тогаш Ефтај ги собра сите галадски жители и удри на Ефремовците, и жителите галадски ги испотепаа Ефремовците, велејќи: »Вие сте бегалци Ефремови, а Галад е среде Ефрема и среде Манасија«.
И Галадците ги зазедоа бродовите јордански од Ефремовците, и кога некој од унесреќените Ефремовци ќе речеше: »дозволете ми да преминам«, жителите галадски му велеа: »нели си ти Ефремовец?« Тој ќе одговори: »не«.
Тие ќе му речат: »кажи шиболет«, и тој ќе рече: »сиболет«, и не можеше никако да го изговори. Тогаш тие го земаа и го заколуваа при бродот преку Јордан. И во тоа време од Ефремовците паднаа читириесет и две илјади.
Тој имаше триесет синови, а триесет ќерки од домот свој омажи, додека тириесет ќерки зеде однадвор за синовите свои, и беше судија над Израилот седум години.