Тој ѝ рече на мајка си: »Илјада и сто сикли што ти беа украдени и за кои ти изрече пред мене проклетство, тоа сребро е кај мене, јас го зедов.« Мајка му рече: »Багословен нека биде синот мој пред Господа!«
И тој ги врати на мајка си илјадата и сто сикли сребро. И мајка му рече: »Тоа сребро го посветив од себеси на Господа за мојот син, за да направи од него идол и излеана статуа, и така, ти го давам.«
Но тој ѝ го врати среброто на мајка си. Мајка му ги зеде двесте сикли сребро и ги даде на леарот. Тој направи од нив идол и излеа статуа, кој стоеше во домот на Миха.
тој човек излезе од градот Витлеем Јудејски, од Јудиното колено, за да преживее каде што ќе најде место, и, како што одеше по патот, дојде до Ефремовата гора, до домот на Миха.