Тестот негов, татко на таа млада жена, откако го виде, го пресретна радосно и го задржа. И тој престојуваше кај него три дни: јадеа, пиеја и ноќеваа таму.
На четвртиот ден станаа рано, стана и тој, за да си оди. И таткото на младата жена му рече на зетот свој: »Поткрепи го срцето свое со залак леб, и потоа ќе тргнете.«
Тие останаа, и двајцата заедно јадеа и пиеја. И таткото на таа млада жена му рече на тој човек: »Остани уште една ноќ, и нека се повесели срцето твое!«
На петтиот ден изутрината тој стана, за да си оди. А таткото на младата жена рече: »Поткрепи си го срцето свое со леб, и почекајте, додека да измине денот.« И јадеа двајцата и пиеја.
И стана човекот да си оди, тој, наложницата негова и слугата негов. И тестот негов, таткото на младата жена, му рече: »Еве, почна да се стемнува, ноќевајте, ве молам, денот е на свршување, ноќевај тука, нека се повесели срцето твое; утре рано ќе тргнете на пат, и ќе си одиш во домот свој!«
И ете, еден старец се враќаше вечерта од полска работа; тој беше родум од Ефремовата гора и живееше како придојден во Гаваон. Жителите, пак, од тоа место беа Венијаминоти синови.
Тој му одговори: »Од Витлеем Јудејски одиме за Ефремовата гора, од каде што сум јас; отидов во Витлеем Јудејски, а сега одам кон домот Господов; и никој не ме поканува во домот свој;
си имаме и слама и храна за ослите свои; исто така и леб и вино за мене и за твојата робинка и за овој слуга има кај твоите слуги, од ништо немаме потреба.«
Откако го развеселија срцето свое, ете, градските жители, развратници, ја опколија куќата, зачукаа на вратата и му говореа на старецот, стопанот на куќата: »Изведи го човекот, кој влезе во куќата твоја, за да го запознаеме.«
еве, јас имам ќерка мома, а тој има наложница ќе ги изведам осраметете ги и правете со нив, сѐ што ви е угодно; а со тој човек не правете го тоа безумие.«
Но тие на сакаа да го слушаат. Тогаш мажот ја зеде наложницата своја и ја изведе при нив на улица. Тие ја познаа и ја злоставуваа цела ноќ до утрината. И ја пуштија во зората.
Господарот нејзин стана утрината, ја отвори куќната врата и излезе, за да тргне на пат; и ете, наложницата негова лежи пред куќната врата, со рацете на прагот.
Кога дојде во домот свој, зеде нож, ја фати наложницата своја, ја пресече по деловите на телото нејзино на дванаесет делови и испрати по сите предели Израилеви.
Секој, што го виде тоа, велеше: »Не станало и не се видело такво нешто од денот, кога Израилевите синови излегоа од Египетската земја до денес.« И им рече на луѓето што ги испрати: »Така зборувајте по сиот Израил: станало ли такво нешто? Размислете за тоа, посоветувајте се и кажете!«