и се кренаа против мене жителите на Гаваон и преку ноќта ја опколија заради мене куќата; мене сакаа да ме убијат, а наложницата моја ја измачија, откако ја познаа, така што таа умре;
јас ја зедов наложницата своја, на парчиња ја исеков и ја испратив по сите области на владеењето Израилево, бидејќи тие извршија назаконито и срамно дело во Израилот;
Ќе земеме по десет души на сто од сите Израилеви племиња, по сто на илјада и по илјада на десет илјади, за да донесат храна за народот, кој што ќе тргне против Гаваон Венијаминов, за да го казни за срамот, што го беше извршил против Израилот.«
А сега, предајте ги тие развратници, што се во Гаваон; ние ќе ги убиеме и ќе го искорениме злото од Израилот.« Но синовите Венијаминови не сакаа да го послушаат гласот на браќата свои, синовите Израилеви.
А во оној ден Венијаминовите синови, што се беа собрале од градовите свои, се изброија дваесет и шест илјади души мечоносци; освен тоа од жителите на Гаваон имаше одбрани на број седумстотини.
Тогаш Израилевите синови станаа и отидоа во Божјиот дом и го запрашаа Бога: »Кој од нас прв ќе тргне во бој против синовите Венијаминови?« И Господ одговори: »Јуда прв нека оди.«
И отидоа синовите израилеви пред Господа и плачеа до вечерта, па Го прашаа Господ: »Да влеземе ли пак во борба со синовите на нашиот брат Венијамин?« Господ им рече: »Одете против него!«
Тогаш сите Израилеви синови и сиот народ тргнаа и дојдоа во Божјиот дом, па седеа таму и плачеа пред Господа, постеа целот ден до вечерта и Му принесоа на Бога сепалиници и мирни жртви.
и Финес, синот Елеазаров, син Аронов, стоеше пред него): »Дали да излеземе пак против нашиот брат Венијамин или не?« Господ им рече: »Одете! Утре ќе го предадам во вашите раце.«
Венијаминовите синови излегоа против народот и се оддалечија од градот, и почнаа, како порано, да убиваа од народот по патиштата, од кои еден води за Ветил, а друг во Гаваон, преку полето, и убија до триесет души Израилци.
И Венијаминовите синови си рекоа: »Тие паѓаат пред нас како порано.« А Израилевите синови си рекоа: »Да бегаме од нив и да ги одвлечеме од градот на патот.«
и Господ го разби Венијамина пред Израилот, и Израилците кутнаа во тој ден од синовите Венијаминови дваесет и пет илјади и сто души вооружени со мечеви.
Кога Венијаминовите синови помислија, дека ги поразиле Израилците, кои им направија место, бидејќи Израилецот се надеваше на заседата, што ја беа поставле близу до Гаваон,
И така, кога Израилците отстапија од местото на борбата, и Венијамин почна да поразува и кутна до триесет души Израилци, велејќи: »пак паѓаат пред нас, како и во поранешните судири«,
А од другите што се свртија и се спуштија спрема пустињата, кон карпата Римон, насобраа пет илјади и ги гонеа дури до Гадам, и од нив убија две илјади души.
А Израилците се вратија кај синовите Венијаминови и ги поразија со меч – и луѓето од градот, и добитокот, и сѐ, што се среќаваше во сите градови, и со оган ги изгореа сите градови што се наоѓаа по патот.