И рекоа синовите Изарилеви: »Кој уште од сите Израилеви племиња не дошал на собранието пред Господа?« Зашто голама клетва беше изречена пред оние, што не беа дошле пред Господа во Масифа, и беше речено, дека тие ќе бидат предадени на смрт.
И рекоа: »Нема ли некое од племињата Израилеви, кое не е дојдено пред Господа во Масифа?« И се покажа дека од Јавис Галадски никој не дошол на собранието пред Господа.
И општеството испрати таму дванаесет илјади души, и им дадоа заповед, велејќи: »Одете и поразете ги со меч жителите на Јавис Галадски, и жените и децата;
Но ние не можеме да им дадеме жени од нашите ќерки, зашто синовите Израилеви се заколнаа, велејќи: ‚Проклет да биде оној, што ќе му даде жена на Венијамина!‘«
и гледајте, кога ќе излезат силомските моми да играат оро, излезете од лозјата и грабнете си секој жена за себе од силомските моми, па одете си во земјата Венијаминова;
а кога ќе дојдат татковците, или браќата нивни да се поплачат кај нас, ние ќе им речеме: ‚Простете ни за нив, бидејќи ние не зедовме за секого од нив жена во време на војната, и вие не им дадовте; сега вие сте виновни.‘«
Така и направија синовите Венијаминови, и зедоа според бројот свој жени од оние, што беа во орото и кои ги одзедоа, па тргнаа и се вратија во делот свој, и изградија градови и заживееја во нив.