Па еве ме, сведочете против мене пред Господа, и пред Неговиот помазаник: кому сум зел вол, кому сум зел осел, кого сум навредил и кого сум притискал, од кого сум зел дар и ги затворил очите пред делото негово, и јас ќе ви ги вратам.«
И тој им рече: »Сведок против вас е Господ, сведок е и помазаникот Негов во овој ден, дека не најдовте ништо против мене.« И тие одговорија: »Сведок е.«
Кога Јаков дојде во Египет, и татковците ваши почнаа да викаат кон Господа, Господ го испрати Мојсеја и Арона, и тие ги изведоа татковиците ваши од Египет и ги населија на ова место.
Но тие Го заборавија Господа, својот Бог, и Он ги предаде во рацете на Сисар, асирскиот војвода, и во рацете на Филистејците и во рацете на моавскиот цар, кои војуваа против нив.
А кога повикаа пак кон Господа и рекоа: ‚Згрешивме, што Го оставивме Господа и почнавме да им служиме на Вааловци и Астарти, спаси нѐ сега од рацете на непријателите наши, и ние ќе Ти служиме Тебе.‘
Ако се плашите од Господа и Му служите, ако го слушате гласот Негов и не се противите на заповедите Господови, вие и царот ваш, кој царува над вас, и ако одите по Господа, вашиот Бог, тогаш раката Господова нема да биде против вас;
ако, пак, не го слушате гласот Господов и почнете да се противите на заповедите Господови, раката на Господа ќе биде против вас, како што беше против татковците ваши.
нели е сега пченична жетва? Но јас ќе Го призовам Господа, и Он ќе испрати гром и дожд, и вие ќе дознаете и ќе видите, колку е голем гревот, што го направивте пред очите на Господа, барајќи за себеси цар.«
и сиот народ му рече на Самуила: »Помоли се за слугите свои пред Господа, твојот Бог, за да не умреме; зашто кон сите гревови наши додадовме уште еден грев, кога баравме за себеси цар.«
А Самуил му одговори на народот и рече: »Не плашете се, вие го направивте, вистина, тој грев, но само не отстапувајте од Господа, и служете Му на Господа од сѐ срце,