Му рече Господ на Самуила: »До кога ќе тагуваш по Саула, кого Јас го отфрлив, да не биде цар на Израилот? Наполни го рогот свој со елеј и оди; Јас ќе те испратам кај витлеемецот Јесеј, зашто меѓу неговите синови си согледав цар.«
Тогаш Самуил рече: »Како да одам? Саул ќе чуе и ќе ме убие.« Господ рече: »Потерај од стадото свое една јуничка и кажи: – дојдов да му принесам жртва на Господа;
И Самуил направи, како што му кажа Господ. Кога дојде во Витлеем, старешините градски се уплашија и излегоа да го пресретнат и запрашаа: »Со мир ли доаѓаш?«
Тој одговори: »Со мир; дојдов да Му принесам жртва на Господа; осветете се и дојдете со мене на принесување жртва.« И го освети тој Јесеја и синовите негови и ги покани на жртвата.
Но Господ му рече на Самуила: »Не гледај на лицето негово и високиот негов раст; Јас го отфрлив. Јас не гледам така, како што гледа човек, зашто човек гледа на лицето, а Господ гледа на срцето.«
Самуил го запраша Јесеја: »Сите деца твои ли се овие?« Јесеј одговори: »Остана уште најмалиот; тој ги пасе овците.« И му рече Самуил на Јесеја: »Испрати, и доведи го, зашто нема да седнеме да јадеме, додека тој не дојде овде.«
Самуил го зеде рогот со елеј и го помаза среде браќата негови, и Духот Господов почиваше врз Давида од тој ден и подоцна. Потоа Самуил стана и отиде во Арматем.
Нашиот господар нека заповеда на слугите свои, што се пред тебе, да побараат човек, што знае да свири на гусли и кога лошиот дух од Бога ќе дојде врз тебе, тој, свирејќи со рака, ќе те успокојува.«
Тогаш еден од слугите негови рече: »Ете, јас видов кај витлеемцеот Јесеј син, кој знае да свири, човек храбар и борбен, умно говори и е убав, и Господ е со него.«
И секогаш, кога духот лукав доаѓаше врз Саула, Давид го земаше гуслето, свиреше, и на Саула му стануваше подобро и повесело, и лошиот дух тогаш се иставаше од него.