А Давид го запраша Господа, велејќи: »да одам ли и да ги поразам ли тие Филистејци?« И Господ му одговори на Давида: »Оди, ти ќе ги поразиш Филистејците и ќе го спасиш Кеил.«
Но оние што беа со Давида, му рекоа: »Ете, ние се плашиме тука во Јудеја, па како ќе одиме во Кеил против филистејските групи? Ние ќе паднеме во ропство кај Филистејците.«
Му јавија на Саула, дека Давид дошол во Кеил, и Саул рече: »Бог го предаде во рацете мои, зашто тој се затвори, влегувајќи во град кој има порти и резиња.«
Ќе ме прададат ли Кеилците во рацете негови? И ќе дојде ли тука Саул, како што чу твојот слуга? Господи, Боже Израилев, јави му на слугата свој.« И рече Господ: »Ќе дојде.«
Тогаш стана Давид и луѓето негови, околу шестотини души, излегоа од Кеил и отидоа, каде што можеа. А на Сула му јавија, дека Давид избегал од Кеил, и тогаш тој го измени походот.
А Давид престојуваше во пустињата во непристапни места и потоа на планината во пустињата Зиф. Саул го бараше секој ден; но Бог не го предаде Давида во рацете негови.
и му рече: »Не плаши се, зашто раката на татко ми Саула нема да те најде, и ти ќе царуваш над Израилот, јас, пак, ќе бидам втор по тебе; и Саул, татко ми, го знае тоа.«
одете, уверете се уште, испитајте и разгледајте го местото негово, каде што е ногата негова, и кој го виде таму, бидејќи ми велат, оти е тој многу итар;
разгледајте и испитајте за сите прибежишта, во кои се крие тој, и вратете се кај мене со точно известие; тогаш јас ќе отидам со вас; и ако тој е во таа земја, ќе го барам по сите Јудини војводства.«
Потоа отиде Саул со своите луѓе да го бара. Но му јавија на Давида за тоа, и тој слезе при карпата и остануваше во пустињата Маон. Саул чу и се пушти по Давида во пустињата Маон.
Саул одеше на едната страна од планината, а Давид со луѓето свои беше од другата страна на планината. И кога Давид брзаше да се оддалечи од Саула, а Саул со луѓето свои одеше да го заобиколи Давида и луѓето негови, за да ги фати,