Имаше во Маон еден човек многу богат, а имотите му беа на Кармил; тој имаше три илјади овци и илјада кози; тој беше на стрижење кај овците свои на Кармил.
Денес чув, дека ти ги стрижат овците; ете, овчарите твои беа со нас, и ние не ги навредувавме, и ништо кај нив не се загуби за сето тоа време, додека стоеја на Кармил;
прашај ги слугите свои, и тие ќе ти кажат; затоа нека најдат момците благонаклоност во очите твои, бидејќи во добар ден дојдовме; дај им, пак, на слугите твои и на синот свој Давид она што ти се наоѓа при рака.‘«
зар да го земам лебот свој и водата своја, и виното свое и месото, што сум го приготвил за стрижачите на овците, и да им дадам на луѓе, што не ги знам од каде се?«
Тогаш Давид им рече на луѓето свои: »Препашете го секој мечот свој.« И сите ги препашаа своите мечеви, го препаша и Давид мечот свој, и тргнаа по Давида до четиристотини души, а двесте оставија кај комората.
Но еден од слугите ѝ јави на Авигеја, жената Навалова, велејќи: »Ете, Давид испрати од пустињата пратеници да го поздрават нашиот господар, но тој се однесе кон нив грубо;
затоа, помисли и види, што да се прави, бидејќи неизбежна несреќа му се заканува на господарот наш и целиот дом негов; а тој е човек лош, не може да се говори со него.«
Тогаш Авигеја набрзина зеде двесте леба и две мешини со вино, и пет овци зготвени, пет мери пржено жито, сто врзопки суво грозје и двесте низи смокви, и ги натовари на осли,
тоа и тоа нека направи Господ со непријателите на Давида, и уште повеќе да додаде, ако утре до разденување, од сѐ што е Навалово, го оставам и она што мокри крај ѕид.«
падна до нозете негови и рече: »Врз мене да е гревот, господару мој; дозволи ѝ на робинката твоја да говори во ушите твои и чуј ги зборовите на робинката твоја.
Нека не обрнува внимание господарот мој на тој лош човек, на Навала; зашто, како му е името, таков е и тој: Навал му е името, и безумието е со него. А јас, твојата робинка, не ги видов слугите на мојот господар, што си ги испратил.
И сега, господару мој, жив ми Господа и жива да е душата твоја! Господ нема да дозволи да пролеваш крв, а ќе ја задржи раката твоја да не се одмаздуваш; и сега нека бидат како Навал твоите непријатели и овие, кои мислат лошо против мојот господар.
Прости ѝ ја вината на робинката своја; Господ бездруго ќе воздигне за мојот господар цврст дом, зашто мојот господар води Господови војни, и во текот на целиот живот твој зло нема да се најде во тебе.
Ако човекот стане да те гони и да ја бара душата твоја, тоа душата на мојот господар ќе биде сврзана со јазелот на животот кај Господа, твојот Бог, а душата на твоите непријатели Он ќе ја отфрли како од праќка.
за срцето на мојот господар тоа нема да биде огорчение и неспокојство, дека не пролеал напразно крв, и дека се воздржал од одмазда. Господ ќе му направи добро на мојот господар, и ти ќе си спомниш за робинката своја и ќе ѝ направиш милост.«
Но, – жив Господ, Бог Израилев, што ме задржа да не ти направам зло, – ако не беше побрзала и не беше дошла во пресрет мој, тоа утре до разденување јас немаше да му го оставам на Навала ни она, што мокри крај ѕид.«
Тогаш Давид го зеде од рацете нејзни она што му го беше донела, и ѝ рече: »Оди си со мир во домот свој; ете, го послушав гласот твој и го почитав лицето твое.«
Авигеја дојде кај Навала, и ете, кај него во домот негов гоштевање како царска гозба, и срцето на Навала беше весело; тој беше многу пијан; затоа таа ништо не проговори, ни многу, ни малку, до изутрината.
Чу Давид, дека Навал умрел, и рече: »Благословен Господ, Кој врати за срамот, што ми го нанесе Навал, и Кој го зачува Својот слуга од зло; Господ ја сврти злобата на Навала врз неговата глава.« И Давид испрати да ѝ кажат на Авигеја, дека тој ќе ја земе за жена.