И стана Давид и тајно отиде на местото, каде што Саул се беше улогорил, го виде Давид местото, каде што спиеше Саул и военоначалникот негов Авенир, синот Ниров. Саул спиеше во шаторот, а народот се беше сместил околу него.
Давид се обрна и им рече на Хетеецот Авимелех и на Авеса, синот на Саруја, Јоавов брат, велејќи: »Кој ќе дојде со мене кај Саула во шаторот?« Авеса одговори: »Јас ќе дојдам со тебе.«
Давид дојде со Авеса кај луѓето Саулови ноќе; и ете, Саул лежи заспан во царската кола и копјето му е забодено во земјата при перницата негова; а Авенир и народот лежеа околу него.
Авеса му рече на Давида: »Денес Господ го предаде твојот непријател во рацете твои; затоа дозволи, јас ќе го приковам со копје за земјата со еден замав и нема да го повторам ударот.«
Давид уште рече: »Жив е Господ. Нека го порази Господ, или ќе дојде денот негов, и тој ќе умре, или ќе отиде во војна и ќе загине; а мене да не ми дава Гсопод да кренам рака врз помазаник Господов;
Давид го зеде копјето и садот со вода при зглавјето на Саула, и си отидоа; и никој не виде, никој не дозна и никој не се разбуди, а сите спиеја, бидејќи ги беше обзел сон од Господа.
И викна Давид кон народот и кон Авенира, синот Ниров, велејќи: »Авенире, јави се!« Авенир се јави и рече: »Кој си ти, што викаш и го обеспокојуваш царот?«
Давид му рече на Авенира: »Нели си маж, и кој е рамен на тебе во Израилот? Зошто тогаш не го чуваш господарот свој, царот? Зашто доаѓаше некој од народот да го убие царот, твојот господар.
Ти лошо правиш; жив да е Господ! Вие заслужувате смрт, поради тоа што не го чувате господарот свој, помазаникот Господов. Види, каде е копјето на царот и садот со вода, што беа при зглавјето негово?«
А сега мојот господар и цар нека ги ислуша зборовите на својот слуга: ‚Ако Господ те поттикнал против мене, тоа нека биде од тебе жртва; благопријатен мирис; ако, пак, – синови човечки, тогаш проклети да се од Господа, бидејќи тие сега ме изгонија, за да не припаѓам кон наследството Господово; велејќи: – оди и служи им на туѓи богови.‘
Тогаш Саул рече: »Јас згрешив; врати се, сине мој Давиде, зашто нема повеќе да ти правам зло, бидејќи денес душата ми беше скапа во твоите очи; безумно постапував јас и многу, многу згрешив.«
а Господ нека му даде секому според правдата Негова и според вистината Негова, зашто Господ го предаваше во рацете мои, но јас не посакав да кренам рака врз помазаникот Господов;
и, како што денес ти беше скапоцен животот твој во моите очи, така нека се цени и мојот живот во очите на Господа; Он нека ме заштитува и нека ме спаси од секаква неволја!«
А Саул му довикна на Давида: »Благословен да си, сине мој Давиде; ти ќе го извршиш она што си го започнал, и бездруго ќе победиш.« И тогаш Давид отиде по својот пат, а Саул се врати во местото свое.