И Давид рече во срцето свое: »Ќе паднам некогаш во рацете на Саула; за мене ништо подобро, освен да избегам во Филистејската земја; и Саул ќе престане да ме бара веќе по сите израилски предели, и јас ќе се спасам од рацете негови.«
И Давид живееше при Анхуса во Гет, тој и луѓето негови, секој со челадта своја; Давид и двете жени негови – Израилката Ахиноама и кармелитката Авигеја, бивша Навалова жена.
И Давид му рече на Анхуса: »Ако сум се здобил со милост во очите твои, нека ми биде дадено место во еден мал град, и јас ќе живеам таму; зашто твојот роб да живее во царскиот град заедно со тебе?«
И Давид излегуваше со луѓето свои и ги напаѓаше Јесурците и Јерзејците и Амаликијците, кои одамна ја населуваа таа земја до Сур и дури до Египетската земја.
И Давид ја опустошуваше таа земја и не оставаше живи ни мажи, ни жени, и заграбуваше овци и волови, и осли и камили и облека и се враќаше и доаѓаше при Анхуса.
Давид не оставаше живи ни мажи, ни жени, и не ги доведуваше во Гет, велејќи: »Тие можат да ни наклеветат, и да кажат: тоа и тоа направи Давид, и такви му се постапките за сето време, додека живееше во Филистејската земја.«