И говореа кнезовите филистејски: »Какви се тие Евреи?« Анхус им одговараше на кнезовите филистејски: »Зар не знаете, дека е тоа Давид, слугата на Саула, царот израилски? Тој е кај мене повеќе од една година, и јас не најдов кај него ништо лошо, откако е дојден до денес.«
И почнаа да негодуваат против него кнезовите филистејски и му рекоа: »Испрати го тој човек; нека си оди на местото, што си му го определил, за да не оди со нас во војна и да не стане наш противник во војната. Со што може да го смилостиви господарот свој, ако не со главите на овие наши луѓе?
И Анхус го повика Давида и му рече: »Жив Господ! Ти си чесен, и на очите мои би им било мило да излегуваш и да влегуваш со мене во моето војување; зашто јас не сум забележал во тебе ништо лошо, откако си дојден при мене дури до денес; но во очите на кнезовите ти не си добар.
Но Давид му рече на Анхуса: »Што сум направил и што си нашол кај твојот слуга, откако сум пред лицето твое и до денес? Зошто да не одам и да не војувам против непријателите на мојот господар, царот?«
Анхус му одговори на Давида: »Биди уверен, дека во очите мои ти си добар како ангел Божји; но кнезовите филистејски рекоа: ‚Нека не доаѓа тој со нас во војна.‘
Затоа стани утре рано, ти и слугите на господарот твој, што дошле со тебе и одете во местото, што ви го определив, и немој да имаш лоша мисла во срцето свое, зашто пред мене ти си добар; станете утре рано и, штом ќе се раздени, одете.«