Но Давид се закрепи со надежта во Господа, својот Бог; и му рече Давид на свештеникот Авијатар, син Ахимелехов: »Донеси ми го ефодот.« И Авијатар му го однесе ефодот на Давида.
Тогаш Давид го праша: »Чиј си ти и од каде си?« Тој одговори: »Јас сум момок Египтјанец, слуга на еден Амаликиец, и мојот господар ме остави, бидејќи се разболев име веќе три дни;
А Давид го запраша: »Ќе ме одведеш ли до тие луѓе.« Тој одговори: »Заколни ми се во Бога, дека нема да ме убиеш и нема да ме предадеш во рацете на господарот мој, и јас ќе те одведам до тие луѓе.«
Давид му се заколна, и тој ги поведе. И ете, Амаликијците, распрснати по целата таа земја, јадеа и пиеја и празнуваа поради големиот плен, што го беа зеле од земјата Филистејска и од земјата Јудејска.
И ги нападна и ги поразуваше Давид од утринските мугри до вечерта на другиот ден, и никој од нив не се спаси, освен четиристотини момчиња, што се качија на камили и избегаа.
и не се изгуби кај нив ништо, ни мало, ни големо, ни синови, ни ќерки, ни пленот, ниту нешто од она, што го беа зеле од нив Амаликијците: сѐ врати Давид.
Давид дојде кај оние двесте души, кои немаа сила да одат по нив, и кои ги беше оставил кај потокот Восор, и тие излегоа да го пречекаат Давида и луѓето, кои беа со него. Давид се приближи до тие луѓе и ги поздрави.
Тогаш лошите и неранимајковците, што беа оделе со Давида, почнаа да зборуваат: »Поради тоа што тие не одеа со нас, нема да им дадеме од пленот, што го одзедовме; секој нека си ја земе само жената и децата и да си оди.«
И кој ќе ве послуша во тоа? Тие не се подолни од нас. Каква е честа на оние, што одеа во војна, таква чест треба да има и за оние, што останаа кај комората; меѓу сите треба да се подели.«
И дојде Давид во Секелаг и од пленот им испрати на старешините Јудини, свои пријатели, велејќи: »Ете ви подарок од пленот, земен од непријателите Господови.«