Тогаш Саул му рече на оруженосецот свој: извади го мечот и заколи ме со него, да не дојдат оние необрезани и да ме убијат и да не се подигруваат со мене. Но оруженосецот не сакаше, бидејќи многу се плашеше. Тогаш Саул го зеде мечот и се фрли врз него.
Израилците кои живееја кон долината и од оваа страна на Јордан, откако видоа, дека луѓето израилски избегаа и дека Саул умре и синовите негови, ги напуштија градовите свои и избегаа, а Филистејците дојдоа и се населија во нив.
Го свртеа и му ја пресекоа главата, го симнаа од него оружјето и испратија по целата Филистејска земја, да го разгласат тоа по идолските светилишта и на народот;