Библија за една година Јануари 6Матеј 5:27-4827. „Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон е заповедано:, Не врши прељуба!‘28. Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне туѓа жена и во мислите ќе ја посака во своето срце тој веќе извршил прељуба со неа!29. Ако, на пример, твоето десно око те наведува на грев извади го и фрли го; подобро е за тебе да загубиш еден орган, одошто целото тело да ти заврши во пеколот.30. И ако, на пример, твојата десна рака те наведува на грев отсечи ја и фрли ја; подобро е за тебе да загубиш еден орган, одошто целото тело да ти заврши во пеколот.“31. „Во Мојсеевиот Закон беше заповедано и ова:, Ако некој маж реши да се разведе од својата жена, нека ђ даде потврда за развод‘.32. Јас, пак, ви велам:, Секој што се разведува од својата жена освен ако таа извршила прељуба ја наведува на прељуба; и секој што стапува во брак со разведена жена извршува прељуба.‘“33. „Познато ви е и тоа, дека во Мојсеевиот Закон на вашите предци им било заповедано вака:, Не кршете ги своите заклетви; исполнувајте го тоа што сте го ветиле пред Господа!‘34. Јас, пак, ви велам:, Не заколнувајте се воопшто: ни во небото, зашто тоа е Божји престол;35. ни во Земјата, зашто таа е подножје на Неговите нозе; ни во Ерусалим, зашто тој град е на Великиот Цар;36. ни во својата сопствена глава, зашто не можете да создадете ни едно црно или бело влакно;37. кажете само, Да‘ или, Не‘; а секакво заколнување покрај ова е поттикнато од Злиот.‘“38. „Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон било заповедано вака:, Око за око, заб за заб.‘39. Јас, пак, ви велам:, Не возвраќајте им на оние што ви прават зло! Ако некој те удри по едниот образ, сврти му го и другиот.40. Ако некој те тужи за да ти ја земе кошулата, дај му го и палтото.41. Ако некој те присили да му ги носиш торбите еден километар, ти носи му ги два километри.42. Кога некој ќе запроси нешто од тебе дај му; и не одбивај човек што бара да позајми нешто од тебе.‘“43. „Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон било заповедано и ова:, Сакај ги своите ближни, а мрази ги своите непријатели.‘44. Јас, пак, ви велам:, Покажувајте љубов и спрема своите непријатели и молете се за доброто на оние што ве прогонуваат;45. на тој начин вие ќе се однесувате како деца на вашиот небесен Татко, чие сонце изгрева и за лошите и за добрите. Тој им испраќа дожд и на праведните и на неправедните.46. Зашто, ако ги сакате само оние кои вас ве сакаат, тогаш, каква награда очекувате за тоа? Та, зар не го прават тоа и подмитливите собирачи на данок!?47. И ако сте љубезни само спрема своите ближни, тогаш, по што се разликувате од другите луѓе? Та, тоа го прават и паганите!48. Вие треба да се однесувате совршено исто како што се однесува вашиот небесен Татко!‘“ Macedonian Bible 1999 (MNT) Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia.