Библија за една година Февруари 10Матеј 25:31-4631. „Кога Синот Човечки ќе дојде во Сиот Свој сјај, придружен од сите Свои ангели, ќе седне на Својот славен престол32. и ќе ги собере околу Себе сите народи. Тој ќе ги одвои во две групи како што овчарот ги одлачува овците од козите.33. Овците ќе ги постави на Својата десна страна, а козите на левата.34. Тогаш Царот ќе им се обрати на оние од десната страна:, Вие сте благословени од Мојот Татко; дојдете и примете го Царството што е приготвено за вас уште од создавањето на светот.35. Зашто, кога бев гладен, вие Ме нахранивте; кога бев жеден, Ме напоивте; кога бев патник, Ме прибравте;36. кога бев без облека, Ме облековте; кога бев болен, Ме гледавте; кога бев в затвор, Ме посетувавте.‘37. Тогаш праведниците ќе Му одговорат:, Господе! Кога сме Те виделе гладен или жеден, па сме Те нахраниле и сме Те напоиле?38. Кога сме Те сретнале како патник или без облека, па сме Те прибрале и сме Те облекле?39. Кога сме Те виделе болен или в затвор, па сме Те гледале и сме Те посетиле!?‘40. А Царот ќе им рече:, Секогаш кога сте го правеле тоа за еден од Моите најмали луѓе сте го правеле за Мене!‘41. Потоа Царот ќе им се обрати на оние од левата страна:, Бегајте од Мене, вие клетници! Одете во вечниот оган, подготвен за Ѓаволот и за неговите ангели!42. Зашто, кога бев гладен, вие не Ми дадовте да јадам; кога бев жеден, не Ми дадовте да се напијам, кога бев патник не Ме прибравте;43. кога бев без облека, не Ме облековте, кога бев болен и в затвор, вие не Ме посетивте.‘44. Тогаш и тие ќе Му речат:, Господе! Кога сме Те виделе гладен или жеден, како патник или без облека, болен или в затвор, па не сме Ти помогнале?‘45. А Тој ќе им одговори:, Штом не сте направиле ништо за еден од Моите најмали луѓе, не сте направиле ни за Мене!‘“46. Потоа Исус заклучи: „Овие луѓе ќе добијат вечна казна, а праведниците вечен живот.“ Macedonian Bible 1999 (MNT) Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia.