Библија за една година Февруари 15Матеј 27:27-5427. Тогаш војниците на гувернерот Го воведоа Исуса во дворот и околу Него се насобра цела чета војници.28. Тие Му ја соблекоа горната облека и Му облекоа црвена наметка.29. Исплетоа венец од трње и Му го ставија на главата, а во десната рака Му ставија една трска. Потоа паѓаа пред Него на колена и Му се подбиваа, велејќи Му: „Здраво, еврејски царе!“30. Го плукаа и со трската Го удираа по главата.31. Откако доволно се изнашегуваа со Исус, Му ја симнаа црвената наметка и повторно Му ја облекоа Неговата горна облека. Потоа Го поведоа на распнување.32. По пат сретнаа еден човек по име Симон, од градот Кирена, и го натераа да го носи крстот за распнувањето на Исус.33. Стигнаа на местото наречено Голгота, што во превод значи „Череп“.34. Му понудија на Исус пијалак од вино помешано со една горчлива течност за ублажување на болките, но кога Тој вкуси не сакаше да го пие.35. Војниците Го распнаа Исуса на крстот и со жрепка си ги поделија меѓу себе Неговите алишта.36. Потоа седнаа и стражареа околу Него.37. Над главата Му ставија натпис за Неговата вина. Натписот гласеше: „Ова е Исус, царот на Евреите.“38. Заедно со Него распнаа и двајца злосторници: едниот оддесно, другиот одлево на Исус.39. Минувачите покрај крстот Го навредуваа Исуса, вртејќи со главите и40. извикувајќи: „Ти, што тврдеше дека ќе ни го разурнеш храмот и за три дена повторно ќе го подигнеш, спаси се сега! Ако си Ти Божјиот Син, ајде симни се од крстот!“41. На сличен начин Му се подбиваа и свештеничките поглавари, старешините и вероучителите. Тие говореа:42. „Други спасуваше, а Самиот не може да се спаси! Тој ми бил цар на Израел! Нека се симне сега од крстот, па ќе Му веруваме!43. На Бога се повикуваше, сега Тој нека Го избави, ако Му е навистина мил! Нели Самиот тврдеше дека е Божји Син!?“44. На ист начин Го навредуваа и со Него распнатите злосторници.45. Меѓу дванаесет и петнаесет часот над целата земја се спушти густа темнина.46. Околу петнаесет часот, Исус извика со силен глас: „Ели, Ели, л’ма ш’вактани?“ што во превод значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!?“47. Некои од присутните Го слушнаа ова и рекоа: „Го довикува пророкот Илија!“48. Еден од нив веднаш истрча, накваси сунѓер во оцет, го закачи на врвот од трска и Му понуди на Исус да се напие.49. Другите, пак, говореа: „Чекајте, да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!“50. Исус уште еднаш извика со силен глас и умре.51. Во тој миг, завесата во храмот се расцепи на два дела озгора додолу. Земјата се тресеше и карпите распукнуваа!52. Гробници се отворија и телата на голем број починати праведници воскреснаа!53. Тие излегоа од гробниците и по Исусовото воскресение дојдоа во светиот град и им се покажаа на многу луѓе.54. Римскиот офицер и војниците кои стражареа крај Исус го почувствуваа земјотресот, а ги забележаа и останатите случки. Од тоа многу се исплашија и говореа: „Овој човек навистина беше Божјиот Син!“ Macedonian Bible 1999 (MNT) Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia.