Библија за една година Февруари 5Матеј 23:1-221. Потоа Исус им се обрати на луѓето и на Своите ученици:2. „Вероучителите и фарисеите се овластени да ве поучуваат од Мојсеевиот Закон.3. Затоа, извршувајте го и слушајте го она што тие го проповедаат; но не угледувајте се на нив, бидејќи тие не го практикуваат тоа што го проповедаат.4. Тие им товарат на луѓето тешки товари кои одвај можат да се носат, а самите ни со прст не помагаат.5. Си што прават тие, го прават за да се покажат пред луѓето: со себе носат дебели молитвеници, си пришиваат долги реси на своите мантии,6. ги сакаат почесните места на гозбите и челните места по храмовите;7. сакаат да бидат поздравувани на јавни места и нарекувани со почесни титули.8. А вие немојте да се нарекувате со почесни титули, бидејќи само Еден е Тој што заслужува почесна титула, а сите вие сте браќа.9. И на никого на Земјава не обрнувајте му се со „Оче“, зашто имате само еден Отец, а тоа е Бог на небото.10. Не треба да се нарекувате ни водачи, зашто имате само еден Водач, а тоа е Месијата.11. Најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга,12. зашто, кој се возвишува, ќе биде понижен, а кој се понизува, ќе биде возвишен.“13. „Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие пред носот на луѓето им ги затворате вратите на небесното царство: ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние кои се обидуваат!14. (Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие ги искористувате вдовиците и ги ограбувате нивните домови, а потоа редите долги молитви! Затоа вие ќе бидете посурово казнети!)15. Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Океани и земји обиколувате за да придобиете еден следбеник, а кога ќе го придобиете го претворате во син на пеколот, двапати полош од вас!16. Тешко вам, слепи водачи, кои велите:, Ако некој се заколне во Божјиот храм, тоа на ништо не го обврзува, но ако се заколне во црковното злато, тогаш, тоа го обврзува!‘17. Безумници и слепци ниедни! Што е поважно: златото или храмот што го прави златото да биде свето!?18. И ова го велите:, Ако некој се заколне во олтарот, тоа на ништо не го обврзува, а ако се заколне во жртвениот прилог на олтарот, тогаш, тоа го обврзува!‘19. Слепци ниедни! Што е поважно: жртвениот прилог на олтарот или олтарот што го прави прилогот да биде свет!?20. Тој што се заколнува во олтарот, се заколнува во него и во си што е на него!21. Тој што се заколнува во храмот, се заколнува во него и во Бога Кој е присутен во него!22. Тој што се заколнува во небото, се заколнува во Божјиот престол и во Бога, Кој седи на него! Macedonian Bible 1999 (MNT) Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia.