Библија за една година Март 10Марко 11:20-3320. Рано изутрината, минувајќи крај смоквата, учениците на Исус забележаа дека таа од корен се исушила.21. Тогаш Петар се сети на случката и Му рече на Исус: „Погледни, Учителе! Смоквата што Ти ја проколна се исушила!“22. Исус им рече: „Имајте вера во Бог!23. Ве уверувам дека, ако имате вера во Бог и не се сомневате, ќе можете да и кажете на оваа планина да се искорне и да се фрли во морето, и тоа ќе се случи.24. Ви велам: Сe што ќе побарате преку молитва ќе добиете, ако имате вера.25. Кога се молите, простувајте им на оние што се огрешиле против вас. Тогаш вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вашите гревови.“26. (Но ако не им простувате на другите, и Бог вам нема да ви прости.)27. Исус и Неговите ученици повторно дојдоа во Ерусалим. Додека Исус шеташе по храмот, Му пристапија свештеничките поглавари, вероучителите и старешините28. и Го прашаа: „Со какво право го вршиш сето ова? Кој те овластил?“29. Исус им одговори: „И Јас сакам нешто да ве прашам. Ако вие ми одговорите, тогаш и Јас ќе ви кажам кој Ме овластил да го правам сето ова.30. Кажете ми, од каде му беше овластувањето на Јован Крстител да крштава: од Бога или од луѓето?“31. Тие почнаа меѓу себе да си шепотат вака: Ако речеме „од Бога“, тогаш ќе ни рече: „Ами, зошто не му поверувавте!?“32. Ако пак речеме „од луѓето“, се плашиме од народот, зашто сиот народ го смета Јована за пророк.33. Затоа вака Му одговорија на Исус: „Не знаеме!“ Но Исус им рече: „Тогаш ни Јас нема да ви кажам со какво право го вршам сето ова!“ Macedonian Bible 1999 (MNT) Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia.