Библија за една година Април 24Лука 17:20-3720. Еден ден, некои од фарисеите Го прашаа Исуса: „Кога ќе завладее Божјото царство?“ Неговиот одговор гласеше: „Божјото царство не доаѓа на видлив начин.21. Не може да се каже: Еве го овде! или Ене го онде! Божјото царство е меѓу самите вас.“22. Потоа им рече на Своите ученици: „Ќе дојде време кога ќе копнеете да Ме видите Мене, Синот Човечки, макар и само еден ден, но нема да Ме видите.23. Ќе има луѓе што ќе ви зборуваат:, Ене Го онде!‘ или, Еве Го овде!‘24. Не одете по нив да Го барате, зашто, како што молскавицата светка на едниот крај на небото, а болскотот и се гледа до другиот крај, така ќе биде и со Синот Човечки на денот на Неговото враќање.25. Но Тој најпрво ќе мора да настрада и да биде отфрлен од оваа генерација.26. Во времето кога ќе се вратам Јас, Синот Човечки, состојбата во светот ќе биде слична со онаа во времето на Ное:27. луѓето си продолжуваа да јадат, да пијат, да се женат и да се мажат, сe додека Ное не влезе во ковчегот и настапи потопот, кој сите нив ги погуби.28. Состојбата во светот ќе биде како во времето на Лот: луѓето си продолжуваа да јадат, да пијат, да купуваат и да продаваат, да садат и да градат.29. Но штом Лот излезе од Содом, од небото се истури оган и сулфур и сите ги погуби.30. Истото ќе се случи и кога ќе се вратам Јас, Синот Човечки.31. Во тој ден, оној што ќе се најде на покрив, нека не слегува по својата покуќнина! Тој што ќе се најде в поле, нека не се враќа дома!32. Сетете се што и се случи на Лотовата жена!33. Оној што ќе настојува грчовито да си го зачува животот - ќе го загуби, а тој што до смрт ќе го вложи во Божја служба - ќе го запази!34. Таа ноќ, од двајца што ќе спијат во ист кревет - едниот ќе биде земен, а другиот оставен.35. Од две жени што ќе мелат заедно - едната ќе биде земена, а другата оставена.36. („Двајца ќе работат на нива, едниот ќе биде земен, а другиот оставен.“)37. Учениците Го запрашаа: „Кај ќе се случи тоа, Господе?“ Тој им одговори: „Каде што е мршата - таму ќе се соберат и мршојадците!“ Macedonian Bible 1999 (MNT) Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia.