Библија за една година Јули 1Дела 10:1-231. Во градот Цезареја имаше еден римски офицер по име Корнелиј. Тој беше командир на Италијанскиот полк.2. Беше побожен човек и имаше страхопочит спрема Бог, заедно со сите што живееја во неговиот дом. Делеше многу милостина и постојано Му се молеше на Бог.3. Еден ден, околу три часот попладне имаше видение: еден Божји ангел дојде кај него и му рече: „Корнелиј!“4. Ѕурејќи исплашено во него, Корнелиј одговори: „Молам, господине?“ Ангелот му рече: „Бог ги слушна твоите молитви, а и милостината што ја даваш, не остана незабележана.5. Испрати сега неколку луѓе во Јопа да го доведат човекот по име Симон, кого уште го викаат и Петар!6. Тој престојува кај кожарот Симон, чија куќа е крај морето.“7. Кажувајќи му го ова, ангелот си замина. Корнелиј викна двајца слуги и еден од своите потчинети војници, кој исто така беше побожен човек.8. Им објасни што се случи и ги испрати во Јопа.9. Утредента, околу пладне, додека гласниците на Корнелиј патуваа и се приближуваа накај градот, Петар се качи на рамниот покрив за да се моли.10. Кога огладне, посака нешто да јаде. Додека му го подготвуваа јадењето, тој падна во занес11. и виде како се отвора небото, и како кон земјата се спушта нешто како големо, ленено платно, врзано на четирите ќошиња,12. а во него имаше секаков вид четириножни животни, влечуги и птици.13. Тогаш слушна глас: „Петре! Стани, коли и јади!“14. „Никако Господе! Јас никогаш досега не сум јадел нешто што е забрането да се јаде според еврејските закони!“ - одговори Петар.15. Гласот уште еднаш му се јави: „Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го исчистил!“16. Ова се повтори трипати, а потоа платното беше кренато на небото.17. Петар беше збунет и се прашуваше што може да значи ова видение. Тогаш ги виде луѓето испратени од Корнелиј, кои, прашувајќи, дојдоа до куќата на Симон и стоеја пред портата,18. прашувајќи дали тука престојува Симон, наречен Петар.19. Додека Петар уште размислуваше за видението што го имаше, Светиот Дух му рече: „Те бараат тројца мажи.20. Стани и појди со нив, без да се двоумиш, зашто Јас ги испратив.“21. Петар слезе кај луѓето и им рече: „Јас сум човекот што го барате. За што сте дојдени?“22. Тие му одговорија: „Не испрати офицерот Корнелиј. Тој е праведен човек и има страхопочит спрема Бог. За него сите Евреи имаат добро мислење. Тој доби наредба од светиот ангел да те повика во својот дом и да слушне од тебе што имаш да му кажеш.“23. Потоа Петар ги покани да влезат и ги прими како гости. Утредента, замина со нив, во придружба на неколку христијани од Јопа. Macedonian Bible 1999 (MNT) Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia.